Бил Гејтс ги откажа плановите за одмор поради ширењето на сојот омикрон на коронавирусот.

„Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“, напиша Гејтс на Твитер.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 декември, 2021 5:38

Бил Гејтс смета дека може да влегуваме во најлошиот дел на пандемијата

Фото/Текст извор: ©магазин

Бил Гејтс ги откажа плановите за одмор поради ширењето на сојот омикрон на коронавирусот.

„Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата“, напиша Гејтс на Твитер.

Пред само две недели, во објава на својот блог, Гејтс напиша дека 2021 година била „најнеобичната и најтешката година во неговиот живот“.

Тој тогаш изјави дека се надева дека се наѕира крајот на пандемијата и дека акутната фаза ќе дојде до крајот на 2022 година.

Повеќе европските земји вчера најавија построги мерки против ширењето на коронавирусот, бидејќи омикрон варијантата брзо се шири низ Стариот континент.

Поради омикрон, Светскиот економски форум го одложи и годишниот собир во Давос, закажан за средината на јануари, до средината на 2022 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.