Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, за ТВ 21 рече дека систематизација имало секоја година, освен оваа, а што се однесува до платите, верува дека ќе има покачување така како што е предвидено со закон.

„Во влада се носи одлука секој војник кој го исполнил условот, да биде систематизиран во други државни институции. Владата со одлука, тие војници ги систематизира и другите институции се задолжени истите да ги прими на работа“, вели Хасани.

Објавил: Едмонд Бекири | 24 февруари, 2022 6:15

Синдикатите на војската и полицијата на протести, се бара покачување на платите

Фото/Текст извор: ©тв 21

Претседателот на независниот синдикат на професионалните војници, Аднан Алити вели дека последниве години немало систематизација на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со закон.

Доколку нема решение за нивниот статус и покачување на платите, тој најавува дека ќе протестираат пред Влада под шатори.

„Речиси две години неколку лица се во регионалните единици на МО, со ова само му се прави проблем на МО. Протестот ќе биде со поставување шатори пред владата на РСМ каде што ќе останеме се додека се реши статусот на професионалните војници и решавање на делот што се останати низ регионалните единици за плата под минималецот“, вели Алити.

Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, за ТВ 21 рече дека систематизација имало секоја година, освен оваа, а што се однесува до платите, верува дека ќе има покачување така како што е предвидено со закон.

„Во влада се носи одлука секој војник кој го исполнил условот, да биде систематизиран во други државни институции. Владата со одлука, тие војници ги систематизира и другите институции се задолжени истите да ги прими на работа“, вели Хасани.

Од друга страна протест најавува и Независниот синдикат на полицијата од каде освен покачување на платите бараат консултација за предлог законот за интегритет и контрола на имотот, кој предвидува тоа да се врши секои три месеци.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска не одговори на прашањата на новинарите.
Од Синдикатот денеска апелираа до министерот да присуствува на протестот кој ќе се одржи на 26 февруари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.