Министерот Бујар Османи очекува уставните измени што поскоро да влезат во собраниска процедура и за нив да гласаат сите пратеници, вклучително и опозициските од ВМРО-ДПМНЕ, освен пратениците на Левица.

Мислам дека до ноември 2023 година треба да бидат завршени. имајќи предвид дека во просек шест месеци траат сите три фази од уставните. Најдоцна до пролет треба да влезе во парламентарна процедура. Јас сакам уште во јануари да биде во процедура. Нема ништо контроверзно, нема потреба да се држат граѓаните и државата во заложништво за нешто што сите имаме интерес. Се надевам што побрзо да бидат доставени. Првото гласање е со двотретинско мнозинство, второто е со 61 пратеник, третото е со двотретинско. Ако пропадне на првото, се ризикува процесот. Треба да бидеме сигурни дека ги имаме 80 пратеници на првото гласање. Не сме далеку, блиску сме, меѓутоа треба да се имаат. Јас би сакал цел парламент, освен Левица да гласаат за уставните измени, рече министерот во емисијата „24 анализа“.

Објавил: Едмонд Бекири | 1 ноември, 2022 7:04

Османи очекува цело Собрание, освен Левица да гласа за уставните измени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска со бугарската историската комисија истакна дека работата нема да оди лесно и дека реагирал на изјава на копрецедавачот и се осврна на уставните имени.

– Останува коментарот историчарите да не се мешаат во политиката. Не чувстввам потреба дека бараат политичка поддршка за нивниата работа и сметам дека сами може да си ги бранат позициите и така е подобро, зошто тоа е работа на комисијата.

Да ја задржи темата надвор до политиката. Во однсо на уставните измени, моментумот е сега и веднаш по скринингот треба да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени. Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски геп. Ако уставните измени се оставаат после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени. – рече Османи.

Министерот  Бујар Османи очекува уставните измени што поскоро да влезат во собраниска процедура и за нив да гласаат сите пратеници, вклучително и опозициските од ВМРО-ДПМНЕ, освен пратениците на Левица.

Мислам дека до ноември 2023 година треба да бидат завршени. имајќи предвид дека во просек шест месеци траат сите три фази од уставните. Најдоцна до пролет треба да влезе во парламентарна процедура. Јас сакам уште во јануари да биде во процедура. Нема ништо контроверзно, нема потреба да се држат граѓаните и државата во заложништво за нешто што сите имаме интерес. Се надевам што побрзо да бидат доставени. Првото гласање е со двотретинско мнозинство, второто е со 61 пратеник, третото е со двотретинско. Ако пропадне на првото, се ризикува процесот. Треба да бидеме сигурни дека ги имаме 80 пратеници на првото гласање. Не сме далеку, блиску сме, меѓутоа треба да се имаат. Јас би сакал цел парламент, освен Левица да гласаат за уставните измени, рече министерот во емисијата „24 анализа“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.