Ураганот Флоренс, кој зафати 5 федерални држави од САД од кои беа евакуирани над 3 милиони жители, по смртта на 15 лица, се заканува дека по себе носи огромни поплави

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 10:35

Монструозниот ураган “Флоренс” одзеде 15 животи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И покрај популистичките политички изјави на претседателот Доналд Трамп дека САД се подготвени за ураганот Флоренс, забележани се првите жртви.

Ураганот Флоренс кој што ги погоди американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија и одзеде најмалку 15 животи, ослабна на ниво на тропска бура и се очекува и натаму да слабее. Но останува опасноста од поплави, поради зголеменото ниво на реките.

Како што пренесува локалните и националние медиуми, наредните денови би можеле да следат најголемите поплави во историјата на Северна Каролина.

Во градовите Њу Берн и Џексонвил од поплави веќе се спасени над 500 луѓе.

Американскиот Национален центар за урагани објави дека обилни врнежи од дожд не престануваат во оваа сојузна држава и дека се очекуваат катастрофални последици. Во западниот дел од државата пак е зголемен ризикот од свлечишта.

Утрово во сите три сојузни држави без струја се повеќе од 700.000 луѓе, во засолништа се наоѓаат над 20.000 лица во Северна Каролина, во Јужна Каролина пак 6.400 луѓе, а во Вирџинија 400.

Поради невремето откажани се над 2.400 летови, а потенцијалната економска штета се проценува од 10 до 60 милијарди долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри пристап до сојузните фондови за одделни загрозени области.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.