Јавното Обвинителство на Македонија со оценки дека на половина од гласачкото време не се пријавени кривични дела и посериозни инциденти во процесот на гласање

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 12:58

ЈО: Не е пријавен посериозен инцидент на референдумот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И Јавното Обвинителство на Република Македонија со позитивни оценки за текот на гласањето до 12 часот.

Комисијата на Јавното обвинителство за следење евентуални противправности сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот ја известува јавноста дека до 12 часот не е пријавен кривично правен настан или посериозен инцидент што би значел повреда на правото на гласање и противзаконито дејствување предвидено во глава 16 – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик, како и други кривични дела што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот.

Дежурни јавни обвинители во сите основни и виши јавни обвинителства го следат процесот на гласање и се подготвени да ги преземат сите потребни дејствија за откривање и гонење сторители на кривични дела кои се поврзани со процесот на гласање за референдумот.

Јавното обвинителство е во постојана комуникација и координација со Министерството за внатрешни работи и дадени се насоки за итно преземање мерки за прибирање докази за евентуално сторени противправности и попречување на правото на глас на граѓаните.

Јавното обвинителство во континуитет ќе продолжи будно да ги следи случувањата во текот на денешниот ден. За сите незаконитости веднаш ќе бидат преземени со закон определените мерки согласно со надлежноста на јавното обвинителство. – се вели во соопштението. ​

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...