Ахмети им го соопштил ставот на Мицкоски и Заев, додека координаторот на пратеничката група на СДСМ со изјава дека ќе има средби со тројца пратеници од ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 8:24

Ахмети на средба со Мицкоски, Тунтев со три пратеници од ВМРО – ДПМНЕ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако ДУИ излезе со став дека превремени избори за пратеници не се идеално решение за нив, почнаа средбите од трет вид за кои јавноста дознава од неофицијални извори.

Имено пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми ја потврди средбата на претседателот на неговата партија, Али Ахмети со претседателот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Претседателот Ахмети оствари средби со Зоран Заев и со Христијан Мицкоски. Овие состаноци се одржани по референдумот и во овој момент толку можам да кажам. Бараме и инсистираме на тоа дека решенијата не се исцрпени, се надевам дека во ВМРО – ДПМНЕ има одговорни и визионерски фигури. – вели Џеват Адеми, пратеник на ДУИ.

И потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, потврди дека првично средбите почнале со пратениците за да се види нивната подготвеност, а потоа, во случај да е потребно, тие инстанци ќе се зголемат.

Инаку, вчера СДСМ го ангажираше координаторот на парламентарната група, Томислав Тунтев за да започне преговори со пратениците од опозицијата за поддршка на уставните измени. Тунтев потврди дека веќе со тројца опозициски пратеници има закажано неформални состаноци без да даде повеќе детали.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.