Возачот изгубил контрола врз возилото и се превртел

Објавил: Данаил Михајловски | 6 октомври, 2018 10:25

Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес, едно лице загина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На 05.10.2018 година во 12:30 часот на автопатот Скопје – Велес, К.М.(33) од село Облешево управувајќи патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со бугарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел.

Од незгодата на местото на настанот починал сопатникот А.М.(46) од село Облешево, а возачот К.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес.

Извршен е увид на местото на настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.