Убиство на сопружник во тетовската приградска населба "Мала Речица", полицијата интервенира за пронаоѓање и притвор на убиецот

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 8:35

Смртно застрелана 52-годишна тетовчанка од нејзиниот сопруг

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал.

Информациите рано изутринава ги пренсе портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата “Љуботенска” во тетовската приградска населба Мала Речица.

По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил по што избегал.

Полицијата презема интезивни активности за негово пронаоѓање и приведување.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.