Поранешните партиски функционери од времето на Црвенковски, се погласни дека бегството на Груевски не е чин кој е изведен без знаење на власта, прашање е само која била цената

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 6:40

Можно е Груевски да е дел од “пакетот” за да пројдат уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонската политичка сцена ја тресат два скандали, бегството на поранешнио премиер, знаењето за истото од страна на актуелниот и министерот Спасовски и зошто се реализирало целото сценарио.

На оваа тема се огласи и поранешниот потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во колумна за DW, во која не ја отфрла можноста бегството на Груевски да е дел од “пакетот” со кој ќе пројдат уставните измени.

Да, сосема е можно неговото заминување да е дел од некаков поширок „пакет“, еден вид на таен анекс изваден од ракав во оние тешки моменти кога се отвораше Уставот и новата Македонија зачекори кон НАТО. Парите секако немаше да бидат вратени, ако вооопшто бегалецот ги има некаде.

Можеби Браникот понудил и дал некаква кауција, далеку несразмерна во однос на претпоставките за одлеаните пари. Ексик и пари, ексик и Ексико! Таквиот можен „пакет“ не е нужно лош.

Би рекол дека можеби е најреалистичен во однос на констелацијата на силите и распоредот на играчите на политичката сцена. Да не заборавиме дека траумата со бомбите се уште трае и е реална за некои луѓе. Тој рецидив од нашето блиско минато се уште претставува „роба“ за тргување и се уште има потенцијал да произведе рикошети на политичката сцена. Па и самите актуелни политички актери се на некој начин рецидиви од минатото, неодминлив дел од поделбите во македонското општество. – пишува Георгиев во колумната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.