Скопје со над 800 илјади жители се опслужува со 316 автобуси.

Објавил: admin@magazin | 29 декември, 2018 12:57

Во Скопје се чекаат автобуси и до 80 минути

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во македонската метропола граѓаните кои го користат јавниот градски превоз може да чекаат автобус и до 80 минути. Според постојниот возен ред, актуелен од 1 јануари 2017 година, најчестите автобуси се на седум минути, а автобус може да чекате и до 80 минути.

Граѓаните реагираат дека треба да има почесто автобуси бидејќи, кога е шпицот, тие се преполни и нема место за да влезат во автобусот.
Скопје со над 800 илјади жители се опслужува со 316 автобуси.
Скопје, според статистички податоци, има 811 илјади жители, на што треба да се додадат и студентите и лицата кои работат во Скопје, имајќи предвид дека Скопје е образовен и индустриски центар.
Оваа бројка во Скопје Јавното сообраќајно претпријатие ја опслужува со 316 автобуси на 100 линии, од кои на 75 линии сообраќаат возила на ЈСП Скопје, а на 25 приватни превозници, а некои комбинирано со возила на ЈСП Скопје.
Од ЈСП,Скопје сметаат дека се задоволени потребите на граѓаните кои користат јавен превоз. Граѓаните забележуваат дека треба автобусите да бидат почести, бидејќи има многу турканици и на одредени стојалишта нема место да се влезе во автобусот. Според нив посебен проблем, се деновите во кои пензионерите имаат бесплатен превоз,има премногу гужви а некогаш и поголеми проблеми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.