Новиот член е дипломираната правничка од Скопје Јасминка Јовановска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 февруари, 2019 7:40

Мајката на Боки 13 добила висока работна функција-член на важна владина комисија

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На седница Собранието на Република Македонија, донело одлука за именување на член на Комисијата на заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Оваа одлука е донесена на Член 31 Став 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а влегува во сила со денот на донесувањето и ќе биде објавена во Службен весник на Р. Македонија, објавува телевизијата 1тв каде што директор е синот на Јасминка Јовановска, познат како Боки 13. 

Неодамна беше објавено дека Лазар Јанев, синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од пред некое време е вработен во новата телевизија 1ТВ, позната како телевизијата на Бојан Јовановски – Боки 13.
Лазар Јанев, најверојатно бил претставен како “директор на правна служба“ со кого ќе можат да се консултираат доколку имаат некои  правни дилеми околу содржината на текстовите кои ги објавуваат.

Катица Јанева често може да се види фотографирана со Боки 13, почнувајќи од приватни забави – родендени и гостувања во 1ТВ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.