Воените оркестри на другите држави гордо го носеа името на своите држави на своите униформи

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 14:00

“Со отстранување на името од униформите СДСМ покажа дека се срами од Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ уште еднаш потврди дека се срами од името Република Македонија и се што е македонски. На настанот во Македонската Филхармонија, каде концерт имаа оркестрите на армиите на САД, Велика Британија, Словенија, Грција и Македонија, повторно отсуствуваа државните симболи. На македонските парадни униформи го немаше државното име Македонија,стои во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.

Униформите на АРМ останаа без државното име

Воените оркестри на другите држави кои настапуваа заедно со македонскиот, гордо го носеа името на своите држави на своите униформи, само македонскиот воен оркестар не.

Ова е уште еден голем срам за македонската држава и народ, уште едно понижување сервирано од Заев и неговата опачина Пендаровски, од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и СДСМ.Власта веќе втор ден молчи кога и дали воопшто е сменета Уредбата за единствен знак за припадност на Армијата на Република Македонија? Доколку не е сменета, ќе дојде ден кога ќе одговараат за нејзиното кршење вчера,посочуваат од ВМРО.

Од таму додаваат дека власта не бира кој закон ќе го прекрши, и дека со ваквиот чин најверојатно имале единствена цел на граѓаните и на државата да им сервираат уште едно посрамотување и понижување. “СДСМ ја обесчести Армијата на Република Македонија” велат од ВМРО.

Во соопштението стои дека Република Македонија не можат да ја водат луѓе како Стево Пендаровски и Зоран Заев кои се двете страни на истата паричка.

На чело на Македонија не можат да застанат луѓе кои се срамат и не почитуваат се што е македонско, нашето име, јазик, идентитет, култура, историја и државни симболи. На Македонија и е потребна претседателка како Гордана Сиљановска Давкова, честита, горда и достоинствена, мајка на нацијата. На Македонија не и е потребен очув како Стево Пендаровски,порачаа од ВМРО.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.