Од владејачката партија додаваат дека лидери од Европа нижат пофалби и охрабрување за напредокот, Република Северна Македонија и ја посочиваат за пример во решавањата на отворените прашања и упатуваат честитки за лидерството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 мај, 2019 22:24

“За цел свет Северна Македонија е пример за решавање на проблемите, само ВМРО навива да не влеземе во ЕУ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За цел демократски свет Република Северна Македонија е успешна приказна. Само ВМРО-ДПММНЕ, партијата симбол на криминал и корупција која земјава ја држеше 11 години во заложништво, навива да не добиеме датум за преговори со ЕУ и сонува за враќање во изолиција,стои во соопштението на СДСМ.

За цел демократски свет сме успешна приказна, само поразената ВМРО ДПМНЕ навива да не добиеме датум за преговори

Од владејачката партија додаваат дека лидери од Европа нижат пофалби и охрабрување за напредокот, Република Северна Македонија и ја посочиваат за пример во решавањата на отворените прашања и упатуваат честитки за лидерството.

Дури и еврокомесарот Хан, посочувајќи го напредокот, рече дека земјава направи многу и додаде дека е единствена во регионот без конфликт со ниту еден сосед.Поддршка за интегрирање  на земјава во НАТО алијансата и Европската унија доаѓаат од сите страни.Веќе 13 држави го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.Само поразената ВМРО ДПМНЕ останува осамена да навива за недобивање на датум за почеток на преговори, да урла против напредокот на земјава.

Во соопштението на СДСМ стои дека наместо лицемерно да зборува за правда ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи продолжувањето со работа на СЈО и да побара расчистување на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски, кој се уште го брани.

Без разлика на навивањето на ВМРО-ДПМНЕ, Република Северна Македонија продолжува напред, кон членство во НАТО и ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.