Пред почеток на состанокот министерот за внатрешни работи и потпретседател на партијата Оливер Спасовски рече дека очекува вечерва да донесат одлични одлуки.

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2019 19:09

Почна Централниот одбор на СДСМ- ЗАЕВ го “ПОСТРОИ” целото раководство на Бихаќка.

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Централниот одбор на СДСМ вечерва ќе заседава во целосен состав.

Пристигна раководството во седиштето на партијата на Бихаќка. Тука се и пратеници и министри, претставници на општинските организации, како и претставниците од партиите во владината коалиција. 

Вечерва ќе се дискутира и носи клучни одлуки за резултатите од претседателските избори и кадровските смени во партиските редови. Министерот за внатрешни работи и потпретседател на партијата Оливер Спасовски, пред почетокот на состанокот изјави дека очекува вечерва да донесат одлични одлуки.

Фросина Ташевска Ременски, потпретседател во СДСМ пред почетокот на седницата очекува да бидат продискутирани предлозите што ќе ги поднесе лидерот на партијата Зоран Заев, а одлуките да бидат донесени со консензус, пренесе МИА.

– Ние сме политичка партија која што дискутира за сите прашања низ органите на партијата и одлуките ги носиме со консензус без притоа да ги мериме низ личната перцепција. Сето она што го имам да го кажам како мој став и како моја забелешка ќе го дадам на централниот одбор. Ќе ги слушнеме одлуките и предлозите од лидерот. ќе ги дискутираме и Централниот одбор ќе носи одлуки. – изјави Ременски, која е пратеник и потпретседател во Собранието.

Пред состанокот изјава даде и потпретседателот на партијата и градоначалник на Скопје Петре Шилегов.

– Очекувам дека одлуките што вечерва ќе ги донесеме ќе бидат одлуки што ќе овозможат функционална организација и на партијата и на институциите, како и победа над примитивизмот, фашизмот и неписменоста што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.