Во потрагата по детето се вклучени спасувачи од Франција и Германија.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2019 20:05

ТРАГЕДИЈА: Потона чамец во Рајна, се удави цело семејство!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопшти денеска полицијата, три лица загинаа, а едно дете се води како исчезнато по потонувањето на чамец во реката Рајна меѓу Германија и Франција.

Полицијата изјави дека чамецот што тргнал од германското крајбрежје, утрово со четири лица потонал во францускиот град Герцхајм.

Претставник од полицијата рекол дека загинале двајца возрасни и едно дете, а дека друго дете засега се води како исчезнато. Во потрагата по малото дете се вклучени спасувачи од Франција и Германија. 

Се уште не е познато што ја предизвикало несреќата, а не е ни познат ниту идентитетот на жртвите.

 Во потрагата се вклучени хеликоптери, нуркачи, полицајци и пожарникари, објави регионалната француска служба за спасување.

Рајна е една од најдолгите и најзначајните реки во Европа, со должина од 1.230 км и просечен проток од над 2.000 м³ во секунда. Рајна се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Лана е десна притока на Рајна. Нејзиното течение минува низ сојузните покраини Северна Рајна-Вестфалија (23,0 км), Хесен (165,6 км) и Рајнската област-Пфалц (57,0 км).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.