Во денешниот модерен свет, рече, ние мораме со дијалог и со компромис да ги решаваме сите проблеми

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 мај, 2019 15:15

Пендаровски: Проблемите и тензиите во Косово нема да ја загрозат безбедноста на Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот Стево Пендаровски рече денеска дека надлежните институции, деновиве и во изминатите недели будно ја следеле состојбата на северната граница и според сите информации тензиите таму одат во надолна линија.

Пендаровски, кој денеска беше во прва посета на МО и на Генералштабот на Армијата, рече дека и да има тензии во иднина во Косово со сличен карактер, профил или слични пропорции, тие нема да бидат такви, за да ја загрозат околината на Косово, особено нашата држава.

Тој рече дека надлежните институции деновиве и во изминатите недели будно ја следеле состојбата на северната граница и според сите информации тензиите таму одат во надолна линија. 

– Во овој момент трендовите за загрозување на безбедноста се во надолна линија, состојбата се смирува и тоа се проценките за еден кус временски период, бидејќи таму долгорочни прогнози не можат да се направат, неблагодарно е, со сигурност да знаете што ќе се случува, изјави Пендаровски, кој денеска беше во прва посета на МО и на Генералштабот на Армијата.

На истото прашање министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска му беше главен домаќин на претседателот Пендаровски, рече дека и ние и целиот регион сме свесни дека нарушувањето на безбедноста кај нашите соседи секогаш има негативни последици..

– Затоа во 2017 година го ставивме фокусот на нашето членство во НАТО. Да обезбедиме нашата држава да има дополнителни безбедносни гаранции, дури и во случај на регионална нестабилност. Токму поради тоа не очекуваме директно безбедносно влијание, ниту пак врз економските показатели, рече Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.