Тој пред почетокот на концертот во Скопје кој е закажан за вечерва, упати честитка за победата на Вардар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2019 22:39

ФОТО: Стинг го започна концертот со честитка упатена кон РК. Вардар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светски познатиот пејач Стинг ги упати своите честитки до македоснкиот ракометен првак Вардар. Имено пејачот беше помеѓу првите кои му ја честитаа шампионската титула на Вардар.

Тој пред почетокот на концертот во Скопје кој е закажан за вечерва, упати честитка за победата на Вардар.

Стинг со честитка до македонскиот ракометен првак

Стинг доби дрес од македонскиот ракометен гигант на кој беше напишано неговото име.

Инаку концертот на популарната светска ѕвезда Стинг, беше закажан за денеска со почеток во 21 часот, но вчера од Аволон продукција изјавија дека ќе биде поместен за еден час подоцна, односно ќе започне во 22 часот, поради финалето на Вардар кое се одржа денес во 18 часот во Келн.

Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“.

Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.