Наташа Петровска според поднесителот ќе се терети за незаконско работење

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 јули, 2018 15:02

Градоначалничката на Битола доби кривична пријава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денешната седница на Советот на Општина Битола започна со барање за дополнување на дневниот ред со точка “Информација за организација на превозот за учебната година септември 2018 – јуни 2019 година”.

Барањето од говорницата го упати советничката од ВМРО – ДПМНЕ Елена Трајчевска која истакна:

“Би сакала да го образложам ваквото барање. До нас како советници стигнуваат реакции од наши сограѓани – родители кои и покрај тоа што согласно законот треба да бидат ослободени од товарот на своите деца да им плаќаат превоз до училиште и назад – тие сепак беа приморани последните месеци од учебната година што измина тоа да го финансираат од сопствен џеб.”

Според Трајчевска – градоначалничката Петровска во недостаток да го организира овој процес директно направила и прави штета врз децата и родителите со што им ги одзема картичките за бесплатен автобуски превоз. Воедно побара и Информација дали и како ќе биде организиран овој законски процес почнувајќи од септември 2018 година потенцирајќи дека се наоѓаме на 40 дена од почетокот на учебната година и дека според информациите од терен дел од училиштата не потпишале договори со превозниците а воедно и нема постапка во тек по што е поднесена кривична пријава против Петровска за незаконско работење.

Трајчевска појасни и дека и денес – што правно не е можно да се потпише и започне постапката за ваква јавна набавка таа нема да биде завршена до 1-ви септември 2018 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.