Европската радиодифузна унија во Осло, вчера одби да го прими Косово во своите редови.
На состанокот во Осло РТС успеа да се избори да Косово не биде примено во оваа организација како редовен член, па поради тоа Косово и понатака не ќе можат да учествуваат во изборот за песна на Евровизија.
Промената на статусот инсистираа Црна Гора, Хрватска и Македонија. Косово веќе неколку години се обидува да биде примено во ЕБУ, но без успех.
Европската радиодифузна унија е многу важна за нас. За формирање на нас како нација, ништо не е поважно од тоа да учествуваме на Евровизија, изјавија политичари од Косово.
Изборот на песна за Евровизија е годишен натпревар одржан помеѓу повеќе активни членки на Европската радиодифузна унија. Секоја земја учесничка доставува песна која ќе биде изведена во живо на телевизија или радио, а потоа доделува гласови на песните на другите земји за да се одреди најпопуларната песна во конкуренцијата.
Изборот се емитува секоја година од неговото воведување во 1956 година и е еден од нај долготрајните телевизиски програми во светот.
Исто така е и еден од најгледаните не-спортски настани во светот, со бројка на гледаност помеѓу 100 и 600 милиони на меѓународно ниво во последните неколку години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.