Пензионерката со 720.000 евра од "Рекет

Објавил: Узунов Бобан | 19 август, 2019 16:30

Пензионерката со 720.000 евра од “Рекет”: Сега е време за тишина !

Фото/Текст извор: ©магазин

И пензионерка Тодоровски со идејата од 720.000 евра на распит- истрагата се шири кон Сојузот на Боки 13
-Сега е време за тишина, кратко ни одговори Лилјана Тодоровски, пензионерка која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица, по распит во обвинителството за организиран криминал.

Парите и ги исплатил битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски, а пензионерката Тодоровска за Телма тврдеше дека парите во кеш и биле земени од жена од Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Тодоровска потврди дека била на распит кај обвинител, но не сподели детали. Распитот бил утрово иако првично бил закажан за петокот кога сведочеше и обвинителот од СЈО Бурим РУСТЕМИ.

Досега нема информација каде завршиле парите кои ги подигнала Тодоровска. Со нејзиното повикување истрагата се сели и во активностите на Меѓународниот сојуз. Од друга страна во обвинителство е однесен и притвореникот Зоран Милески Кичеец.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.