Даштевски: Корупцијата е навлезена во секоја пора на општеството

Објавил: Узунов Бобан | 22 август, 2019 9:19

Даштевски: Корупцијата е навлезена во секоја пора на општеството, Ова е само увертира на она што навистина се случувало во последните две ипол години

Фото/Текст извор: ©магазин

После се што видовме на камерите, после приведувањето на Катица, каква ќе биде довербата на граѓаните во правосудниот систем и дали постои воопшто правна држава и владеење на правото во Македонија, каква ќе биде перцепцијата за нашата држава во соседството и дали воопшто ќе имаме доблест да бараме датум за преговори за влез во ЕУ, иако сме сведоци дека сеуште има ентузијасти, односно глумци, кои не залажуваат дека наводно во октомври ќе почнат преговорите, што е апсолутно нереално, вели аналитичарот и професор, Александар Даштевски.

-Ова е само увертира на она што навистина се случувало во последните две ипол години. Овде никој ништо не знае, затоа фактите почнаа да се објавуваат во странство. Она што може да се заклучи е дека “рибата смрди од главата” и дека допрва почнуваат да се откриваат работите. Во случајот “Рекет” евидентно не се вклучени само овие ликови, туку аферата завршува во првите ешалони на владата, а од надвор ја најавуваат најголемата корупција во здравство на сите времиња, тука спаѓаат и сега се поголемите сомнежи не само за корупцијата за местење на тендер од страна на Генералниот секретар на Владата и секако Потпретседателот на Владата Анѓушев кој “наводно” преку неговите фирми противправно има добиено десетици тендери, дури замешал прсти и во коруптивните активности на Фондот за иновации што е премногу ниско ако се знае дека пријавил имот од 30 000 000 евра спечалени главно во времето на предходната власт.
Да не набројувам, бидејќи има многу докази, корупцијата е навлезена во секоја пора на општеството, затоа одложувањето на изборите би било погубно не само за оваа власт туку и за државата воопшто!, пишува Даштевски на Фејсбук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.