Кирацовски денеска на распит откако на фејсбук самиот побара да биде повикан ?

Објавил: Узунов Бобан | 5 септември, 2019 11:01

Кирацовски денеска на распит откако на фејсбук самиот побара да биде повикан ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Александар Кирацовски утрово ќе даде исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Тој деновиве порача дека обвинителството треба да ги повика на распит сите политичари кои контактирале со првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, за да се стави крај на, според него, чаршиските муабети.

Вчера, уште една негова колешка од парламентот која имаше контакти со Боки 13 даде исказ во обвинителството, по што изјави дека со првосоомничениот се познавала, но не и со другите осомничени и пријавителот.

Фејсбук статусот на Кирацовски

Очигледно, истрагата околу случајот „Рекет“ се одвива длабински, сеопфатно и транспарентно.

Овој процес ќе ја потврди вистината и ќе ја сузбие лагата и шпекулациите. Криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата, одговарајќи за стореното.

Но, кон овој случај, неопходно е Обвинителството да пристапи и низ општественото огледало кое претежно го креираат политичките напади и инсинуации, лажните вести и конструкциите.

Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети.

Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој (политичар), кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста.

Можеби е илузорно и непотребно, но ќе го намали просторот за инсинуации и неосновани сомнежи.

Тоа доаѓа како „стружење на кариес од заб“, бегла црна точка која доколку не се санира навреме, прави штета по време.

Во секој случај, овој скандал е доказ дека правната држава функционира и е шанса преку истиот да се врати довербата во институциите и правосудниот систем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.