Наместо првиот училишен ден како прваче во основното училиште Богослав Шулек во Славонски Брод, синот на Хрвоје Козмус да го помине како и сите негови врсници со радост за новиот почеток, запознавање со другарчињата и нетрпеливо чекање за повторно да го слушне училишното ѕвонче, детето го помина во солзи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 0:16

Прваче со аутизам со солзи го помина првиот училишен ден: Таткото разочаран од просветните работници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тажна приказна од регионот ја потресе јавноста откако Хрвоје Козмус, татко на момче со посебни потреби објави фотографија од војот син на Фејсбук, на која седи и плаче.

Наместо првиот училишен ден како прваче во основното училиште Богослав Шулек во Славонски Брод, синот на Хрвоје Козмус да го помине како и сите негови врсници со радост за новиот почеток, запознавање со другарчињата и нетрпеливо чекање за повторно да го слушне училишното ѕвонче, детето го помина во солзи.

Фејсбук статус на револтираниот татко…

Револтираниот татко објави фотографија од својот си на Фејсбук, на која седи и плаче.

Како што објави таткото, неговиот син кој е со посебни потреби, требало да добие помошник во наставата. Но, тоа не се случило, бидејќи според зборовите на таткото помошникот бил на обука. Козмус навел дека наведениот помошник работи со три деца.

„Училиште на иднината. Мојот син со посебни потреби (од спекарот аутизам) седи пред училиштето и го чека помошникот за настава. Помошникот го нема. Никој ништо не сакаше да ни каже, иако бевме во училиштето. Денес дознавме дека нема помошник, бидејќи тој бил на обука. Еден помошник на три деца. Навистина „прекрасно“. Ви благодарам за „прекрасниот прв училишен ден“ – напиша во објавата изреволтираниот татко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.