Герила акција на црвениот тепих

Објавил: Узунов Бобан | 15 септември, 2019 13:31

МОЌНА ПОРАКА: Битола умира- герила акција на црвениот тепих на фестивалот “Браќа Манаки”

Фото/Текст извор: ©магазин

Со маички на кои на англиски пишуваше „Кажи им на облаците дека Битола умира“, синоќа на црвениот тепих на отварањето фестивалот „Бараќа Манаки“ продефилираа советниците Габриела Илиевска и Иван Чулакоски од независната иницијатива Поинаку заедно со други приврзаници. Нивниот слоган беше пандан на годинешното мото на Фестивалот „Кажи им на облаците“.

„Нашата порака е дека Битола умира чекајќи да дојдат подобри времиња со загадувањето и во сите области да настанат подобри промени. Сакаме да порачаме дека градот е заборавен. Секојдневно се соочуваме со иселување, заболувања. Заборавен е во цела Македонија и сакавме да потсетиме дека постои. Не ни е целта да го бојкотираме фестивалот, напротив тој мора да постои, но сакавме да укажеме пред јавноста дека Битола живее само во таа недела додека трае ‘Браќа Манаки’’, изјави Гарбиела Илиевска. 

 

Оваа советничка група во изминатиот период има преземено повеќе независни иницијативи. Лани во септември од смет ги исчистија помошните објекти на Офицерскиот дом, потоа имаа и други акации за почиста Битола.

Летово, поставија и држачи со ќеси за ѓубре низ градските улици, но, од ЈП „Комуналец“ ги тргнаа по налог на Комуналната инспекција, со образложение дека собирање смет надвор од одбележаните места е спротивно на Законот за јавна чистота и Одлуката за одржување на јавна чистота на јавните површини во Битола и дека секоја ваква иницијатива треба да биде спроведена во соработка со комуналните служби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.