Бујар Османи во инспекција

Објавил: Узунов Бобан | 16 септември, 2019 14:02

( видео) Бујар Османи вицепремиер за евроинтеграции со каубојски манири ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Бујар Османи, заменик-претседател на Владата, задолжен за европски прашања објави скандалозно видео на својот профил на фејсбук во кое тој се појавува во улога на инспектор и ја проверува двојазичноста на терен.

Бујар Османи надвор од своите надлежности, во популистички поход за политички поени се дрзна да спроведува инспекција и да манифестира сила надвор од законските процедури да проверува која институција поставила двојазични табли. 

На видеото тој е во придружба на Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазици, Илбер Села. Османи и Сега ги проверуваат таблите на државните иснтитуции дали се двојазични. Османи на дел од директорите им се јавува на телефон.

Видето е илустрирано со музика, а Османи во улога на инспектop ја проверува двојазичноста на терен. Тој јавно го прашува директорот на Агенција за администрација, Спасе Глигоров, зошто не е објавена двојазичната табла.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.