Наводно неделава пред партискиот врв премеирот Зоран Заев ја соопштил ваквата одлука.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 декември, 2019 11:13

Нема сомнеж: Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во пржинската влада

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе биде технички премиер кој ќе дојде на функција по 3 ти јануари, дознава Фокус од високи партиски извори.

Н

Наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги потврди Спасовски и Мила Царовска.

Како што објави Фокус, денеска во штабот на СДСМ, треба да се оддржи нова координација на партискиот врв за оваа одлука да биде потврдена. 

Како што веќе се шпекулираше во медиумите покрај Спасовски, во игра била и министерката за труд и социјала Мила Царовска, за што премеирот изјави дека е логично јавноста да ги поврзува со оваа позиција.

Се споменуваат имиња кои се многу логични, како што посочи, за министрите Спасовски и Царовска заради тоа што тие заминуваат од министерствата.И ние се движиме во тој делокруг, некогаш во политичките раководска се јавуваат и предлози за некој од надвор, сакаме да ги разгледаме и да ја донесеме одлуката, рече премиерот Заев пред неколку дена.

Како што објави Фокус, во партијата се разговарало и за  екс шефот на тајната полиција Зоран Верушевски, кој ја води партиската комисија за безбедност на СДСМ. Наводно и тој бил во одредени комбинации за технички премиер, меѓутоа упатените велат дека оваа опција е тешко изводлива од причина што станува збор за контроверзна личност.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.