Македонските ракометари денеска на Европското првенство кое се одржува во Австрија ќе играат против селекцијата на Чешка.
Се очекува многу Македонскинавивачи да ги бодрат нашите ракометари и бројката да надминенад илјада.
Македонија на првиот меч со Украина успеа да однесе победа со еден гол разлика. Пресуден за победата на македонските ракометари кои храбро 60 минути издржаа на теренот, ја донесе капитенот Кирил Лазаров со голот постигнат во последната секунда па Македонија победи со 26:25 и доби први бодови на Европското првенство.
Почетокот на средбата донесе неколку погодоци набрзина, а потоа после петте ефикасни минути имаше пет минути во кои немаше ниту еден погодок. Македонија беше во постојана предност, а на средина од првото полувреме стигна и до плус три.
После 6:3 следуваа минути во кои водството се зголемуваше и веќе во 20. минута резултатот беше 10:6. Тука дојдоа најлошите минути во кои поради поради неефикасност противникот намали на 10:9.
Стартот на второто полувреме донесе брзо зголемување на предноста на пет гола. Македонија поведе со 17:12. Противникот успеа да намали и да фати приклучок, но после ова следуваше период во кој имаше многу погодоци. Се редеа стрелците и на двете страни и покажуваа кој колку е расположен за игра, па бројот на погодоци само се зголемуваше.Во тие моменти конечно дојде до будење во нападот, па тоа резултираше со враќање на водството од три гола кое беше зачувано до крајот од првото полувреме, а на паузата се замина со резултат 13:10.
Таквата игра не ни одговараше што се виде и од резултатот кога на 15 минути до крајот резултатот беше 21:19. Украина одново намали и се врати во игра на овој дуел, па мораше да се поправа.
Место тоа со нова грешка и се даде шанса на Украина уште повеќе да намали, па во 46. минута беше 21:20.
После тајм-аутот за момент делуваше дека работите се враќаат под контрола со брз гол од Лазаров. Следуваа и две интервенции на Митревски, но место да се зголеми предноста следуваа две грешки, па во 49. минута се дојде до нерешени 22:22 што ги врати работите на почеток.
На две минути до крајот, сепак, дојдоа нови грижи. При 25:24, Мартин Поповски доби исклучување. Ударот на Лазаров заврши со одбрана на Комок, а потоа Украина израмни. За Македонија останаа нешто повеќе од 40 секунди за напад. На 8 секунди до крај имаше исклучување за ракометар на Украина, па силите беа израмнети.
Кирил Лазаров ја презеде одговорноста и реализираше во последната секунда за победа од 26:25 и први бодови за Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.