Уште една трагедија го потресе Скопје. МВР инфорира за вчерашната состојба на скопските улици.
Едно лице, сопатник во возило, загинало во сообраќајна несреќа, две лица, сопатник во возило и велосипедист, се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни несреќи што во текот на изминатиот ден се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
Во останатите сообраќајки лицата се полесно повредени и/или е причинета материјална штета.
Двајца возачи се исклучени од сообраќај – еден поради управување возило под дејство на алкохол, а другиот зашто немал возачка дозвола. Исклучени се и две нерегистрирани возила.
Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.