Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Објавил: Владо Марин | 17 февруари, 2020 6:03

Ноќеска полицијата уапси познат криминалец близок до СДСМ

Фото/Текст извор: ©Lider.mk

Полициските сили на СВР Скопје вечерва го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец близок со лидерот на СДСМ Зоран Заев и техничкиот премиер Оливер Спасовски – дознава „Лидер“.

Како што брифираат изворите од Лидер, Абдиоски е уапсен затоа што е осуден на шест месеци затвор а по него се трага и за еден куп други кривични дела.

Инаку тој е многу близок до раковотството на СДСМ и во минатото прилично и вршеше работа на партијата за избори.

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Неодамна претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со Паола Северинo, специјалната претставничка на претседателството на ОБСЕ за борба против корупцијата и криминал.

Сериозно јакнат капацитетите на нашата држава за справување со криминалот и корупцијата. Преземаме, од 2017 година, активни системски мерки. Еден од тие заштитни, контролни механизми се обезбедените услови за независна и професионална работа на Државата комисија за спречување на корупцијата. Ја усвоивме, на 17 јануари оваа година, Националната стратегија за борба против криминалот и корупцијата. Во финална фаза е носењето на законот за Јавно обвинителство, којшто е веќе утврден од Владата. Подигната е јавната свест за ова прашање низ владеењето на правото, намалувањето на дискриминацијата, јакнењето на социјалната кохезија, овозможената слобода на изразување и работа на цивилниот сектор, демократската контрола врз работата на институциите, коишто работат транспарентно. Усвојуваме закони и мерки согласно регионалните и европските регулативи, затоа што ефикасното справување со криминалот и корупцијата е возможно само низ унифицирани и координирани активности“, рече Спасовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.