Како што објави порталот тие вчера рано изутрина заминале на скопскиот аеродром со службено возило Пасат и до попладневните часови не се вратиле на своите работни места, пишува Нетпрес.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 ноември, 2019 9:53

НОВ СКАНДАЛ ВО ВЛАДА: Високи функционери со владиниот авион биле на шопинг во Љубљана

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нов скандал ја тресе власта откако вчера во јавноста излезе веста дека утрината директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски, заминал заедно со четири жени, вработени во истата служба, со владиниот авион „Лирџет“ на шетање во Љубљана, објави  „Нетпрес“ од вработени во Службата.

Инаку Пеце Мирчевски го поврзуваат со новата директорка на УЈП. На неколку пати медиумите објавија дека тој започнува бракоразводна постапка поради нивната романса која трае од поодамна.

Како што објави порталот тие вчера рано изутрина заминале на скопскиот аеродром со службено возило Пасат и до попладневните часови не се вратиле на своите работни места, пишува Нетпрес.

„Нетпрес“ доби официјална потврда од М-НАВ дека Лирџетот полетал од скопскиот аеродром за Љубљана во 10.08 часот утрово.

Како може владин авион да се користи за приватни потреби, шетање, шопинг и ручек во Љубљана. По кој основ ?“, прашуваат вработените.

На вчерашниот шопинг во Љубљана со директорот Пеце Мирчевски заминале неговата секретарка, шефицата на човечки ресурси и шефицата на јавни набавки, сите вработени со договор на дело., пишува Нетпрес

Како може некој ова да си го дозволува, а некој да умира за лекови и за операции. А, нас тука на работните места да ни се одмаздуваат и тортури да ни вршат истите тие ?“, велат револтирано вработени во СОЗР за Нетпрес..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.