Полицијата се заканува со казни за граѓаните кои не пријавиле каде живеат

Објавил: Стефан Каневче | 22 март, 2019 18:03

Полицијата од врата на врата ги легитимира граѓаните во своите домови!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Загрижени граѓани реагираат дека добиле посета од полициски службеници кои во нивните домови побарале легитимирање на граѓаните.

Во моментот се  врши проверка на граѓаните во Општина Кисела Вода, но можеби и во други општини во Скопје.

Полицијците кажувале дека добиле налог да ги посетат сите домови и да ја проверат кои граѓани ги пријавиле своите живеалишта. 

На оние граѓани кои не биле пријавени во домовите во кои живеат добиле рок од 30 дена да се пријават, во спротивно ќе бидат казнети.

На дел од нив било кажано да очекуваат повторна посета и проверка на состојбата.

Дали ваквата акција на полиција е согласна законските прописи или можеби сето ова е неформален попис на граѓаните – прашуваат тие.

Тие исто така бараат информации од надлежните и укажуваат дека неместо вакво омаложување на граѓаните на кои полицијата им тропа на домашните врати, може да се реши и преку писмени дописи или друг прикладен начин кој нема да внесува страв во домовите на обичните граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.