„Во врска со тоа дали Бугарите ќе бидат трет народ по бројност не можам да ви одговорам затоа што немам информации во врска со резултатите и не би сакал да шпекулирам за нешто за што немам поткрепа“, додава Џафери.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 март, 2022 5:34

Џафери: Не знам колку Бугари ќе излезат на резултатите од пописот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Планирано е со врзан потпис претседателот и потпретседателот на Заводот за статистика на 31 Март да ги верифицираат и објават резултатите од пописот“, посочи претседателот на Собранието, Талат Џафери, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој додава дека не може да одговори за тоа колку Бугари би излегле на пописот.

„Во врска со тоа дали Бугарите ќе бидат трет народ по бројност не можам да ви одговорам затоа што немам информации во врска со резултатите и не би сакал да шпекулирам за нешто за што немам поткрепа“, додава Џафери.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на ТВ21 порача дека иницијативата „Отворен Балкан“ треба да се преиспита.

„Трите земји членки и иницијатори на иницијативата Отворен Балкан треба да ја преиспитаат оваа иницијатива. Со последните изјави од страна на српските лидери, по новонастаната ситуација со руската агресија можам да кажам дека ситуацијата е промената. Тоа не е истиот оној човек со кој се разговараше и се создаваше иницијативата“, посочи Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести