Од досега пријавенето

Објавил: Калина Мартинска | 24 април, 2024 13:00

Димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, гласањето се одвива мирно без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач“ информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.

За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите, вели Ангеловски.

„Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити. На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.

Апелира до граѓаните и улесниците на изборите, во текот на гласањетоо, до завршувањето, да се воздржат од било какви инциденти.

Види и ова:

Излезеност до 11 часот: 12,78 отсто или 229 417 гласачи

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести