Македонската традиционална кујна е позната не само во Балканот туку и далеку по светот.

Објавил: Мартин Попоски | 20 октомври, 2022 10:36

Ова се топ 5 Македонски традиционални јадења

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На ова мало парче земја низ годините народот создавал големо богатство. Едно од најубавите наследства кои ги имаме се традиционалните и неповторливи рецепти. Од месено и тегнато до варено и печено.

Денес, дел од тајните рецепти на нашите супер бабички се заштитени како македонски брендови, а дел секогаш ќе останат најдоброто од македонското мени.

1.Тавче гравче

Тавче-гравче — традиционален македонски специјалитет. Се подготвува од свеж македонски грав и може да се најде скоро во сите македонски ресторани. Се сервира во македонски земјени чинии. Во македонското поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав. Освен само тавче-гравчето често се подготвува во комбинација со некои јадења од месо, како македонски плескавици, македонска сланина, македонско суво месо, македонски ребра и слично. 
Треба да се внимава на количината која ќе се изеде бидејќи гравот спаѓа во покалоричните јадења и содржи околу 350 калории на 100 грама чист грав.
Во нашето поднебје се произведува на повеќе места, но посебно е познат и прочуен тетовскиот грав. 

 

2.Ајвар

Ајвар — посебен вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија.
Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор – пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат. Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган. Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар.

 

3.Штипска Пастрмајлија

Пастрмалија е македонски специјален вид на пита направен од тесто и месо. Традиционалната пастрмалија има долгнавеста форма со сецкано месо врз неа. Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне.
Во чест на пастрмалијата, секоја година во Штип традиционално се одржува манифестацијата наречена „Пастрмалијада“.Пастрмајлијата во Македонија е карактеристична за Велес, Св. Николе и Штип. Постојат повеќе верзии во зависност од регионот каде се подготвува, може да биде и со овчо месо, сирење и јајца. 

 

4.Питулици

Кога ќе споменеме питулици на што ве асоцира поимот?
Не, сигурно не станува збор за палачинки!
Овој специјaлитет е карактеристичен за Демирхисарско-Битолскиот крај, а во многу домови е задолжителен дел од бадниковата посна трпеза.Интересен податок за сите наши читатели: овој специјалитет не содржи ниту една состојка од животинско потекло, вегански е, а не содржи ниту вештачки додатоци, туку ова е уште еден стар рецепт кој ќе ве збуни со својата едноставност и ќе ве воодушеви со богатиот вкус.
Одличен е во блага или солена верзија, а толку е едноставен што без многу трошоци можете за своите гости да приготвите вкусен традиционален специјалитет.
Нашите баби кои живееле во повеќе члени семејства во минато не можеле да си обезбедат доволно храна, поретко консумирале месо, а многу често и постеле. Питулиците често биле на нивната трпеза, а момата која можела да направи мазници и питулици важела за голема домаќинка.

 

5.Бакрданик

Качамак или бакрданик е вид на традиционално јадење кое воглавно се прави од пченкарно брашно.
Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, и Турција. Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак.
За да се заштеди на брашно, се додава компир, кој се вари до неговото распаѓање и се соединува со брашното во хомогена смеса.
Слични јадења како качамакот постојат и во другите краеви на Балканот, но под разни називи како: мамалига, жганци, пура, палента и полента.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.