Противниците на Гордана Силјановска несакајќи уште повеќе и го кренаа рејтингот!

Објавил: Македонка Димкин | 22 март, 2019 1:50

Синот на Гордана Силјановска свири кавал а парите што ќе ги добие ги дели по сиромашните дечиња!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Десеттина часа пред истекот на рокот, до ДИК попладнево беа доставени кандидатурите за претседател на државата на Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и на Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Скоро координирано на социјалните мрежи се појави фотографија од синот на Гордана Силјановска , Павле кој свири на кавал а очигледно со намера да ја  oцpнaт кампањата на професорката Гордана Силјановска.

И додека во Македонија на многу низок начин се обидуваат еден уличен музичар кој своето хоби го дподелува со минувачите, да го прикажат како скитник, во светот е тоа бесценето а најубав пример е RYAN SHERIDAN -суперзвездата кој од уличен музичар во Даблин стигна до супер ѕвезда. 

Павле, синот на Гордана Силјановска, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес беше цел на нaпaд на цpнaтa кампања на СДСМ и Стево Пендаровски, откако корисник на социјалната мрежа Твитер за кој се претпоставува дека е  од изборниот штаб на Пендаровски објави фотографија на која се гледа како синот на Силјановска свири на кавал во Градскиот парк, со коментар дека тоа не било нopмaлно однесување за син на особа која се обидува да стане шеф на државата.

Но не за џабе народот рекол „ќе ти се врати како бумеранг„ па така и овој пат сликата на која се гледа како младиот музичар свири на кавал во некое „лето„ наиде на многу симпатии во јавноста а ова веста се вивна на социјалните мрежи вирал. Немој да го осудуваш човекот кого не го познаваш гласи една друга поговорка, синот на Силјановска парите што ги добивал после ги делел пи децата уличари.

Секако дека кој и да бил „критичарот„ покажа основно непознавање на култура, бидејќи во светот дури и супер звездите како што е Анастасиа им симнуваат капа на музичарите кои својата уметност ја споделуваат со случајните минувачи и дури  запеа со еден од нив, погледнете го видеото!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.