Причина вели 100те дена влада кои само ги продолжуваат политики на претходната која ја предводеше Заев.

Објавил: Мате Парлоф | 29 април, 2022 6:52

МИЦКОСКИ БАРА СРЕДБА СО КОВАЧЕВСКИ ЗА ДАТУМ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ

Фото/Текст извор: ©24.мк/магазин.мк

Мицковски со покана, но и ултиматум Ковачевски до 10 мај да му одговори кога ќе прифати лидерска за да се договори датумот за организирање предвремените парламентарни избори.

Причина вели 100те дена влада кои само ги продолжуваат политики на претходната која ја предводеше Заев.

На средбата Мицкоски вели до одржување на предвремените парламентарни избори ќе понуди 4 тима кои би соработувале со владата во 4 те клучни области и тоа економија , надворешна политика, здравство и образование.

Доколку Ковачевски не прифати Мицкоски најавува и план Б со кој би превзеле до сега непревземени чекори!

Ниту овој пат Мицкоски не пропушти прилика јавно да го праша Ковачевски за што се преговара со Бугарија и  што се е подготвена оваа влада да потпише со властите во официјална Софија!

Со порака и до Петков. Македонија ги исполни критериумите за влез во ЕУ но нема да ги исполнува овие кои Софија ги наметнува на штета на македонскиот идентитет!

Мицкоски на пресконференцијата акцент стави и на економската криза, задолжувањето, протестите и штрајковите. Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека  цената која ВМРО ДПМНЕ ја плати5 години во опозиција е време сега да ја плаќа и актуелната влада поради како што рече погрешните политики.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.