По изјавата на Боки-13

Објавил: Калина Мартинска | 23 април, 2024 16:26

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата работа.

Ова следи откако вчера Бојан Јовановски-Боки 13 во подкастот кај Лазаров читаше пораки за кои посочи дека се меѓу него и Русковска.

На страницата „Слобода за Јане Ченто“ осамна порака.

„Тек доправа ќе треба да одговараш за местенките, за криењето записници, криењето докази кои се во наша корист, искривување на факти, менаџирањето на процесот….и многу други работи за предметот 27ми Април“, стои во објавата.

Игор Дурловски, кој доби ослободителна пресуда, напиша: Е ова е “Вистината за Македонија”, алудирајќи на бомбите на Заев.

Реагираше и адвокатот Драган Пешевски.

„Ете го новиот доказ потребен за повторување на постапката за 27ми Април, кај Стефан Лазаров у емисија – лајв. Нема кој само да им ги врати годините излежани на лугево, а за све што ке ви следи пошто Господ сте си играле ич не ве жалам!!!“, напиша Пешевски.

 

Со реакција на социјалните мрежи се јави и адвокатот и поранешен обвинител Воислав Димоски.

„Никој не е изненаден од околноста дека обвинителката (која е нели, странка на постапката!) ги знаела пресудите за „27-ми април“ пред судијката јавно да ги изрече. Никој не се изненади ни кога таа судијка стана судија и претседател на Уставниот суд, а начинот на кој го спроведе судењето се предава на универзитети ширум светот како пример за кршење на правото на одбрана. Никому не му е чудно што обвинител кој на дневна основа лиферувал информации до Боки 13 за обвинителски предмети напредувал до обвинител во Републичкото Обвинителство, откако претходно под закрила на Началникот стигнал до одделението за организиран криминал. Напредувањето во кариерата било очекувано бидејќи луѓе кажуваат дека го виделе како се гушка со тогаш новиот премиер. Место на гушкање: охридски хотел за чии диво изградени делови пак, друга обвинителка ќе го заташка предметот и ќе биде наградена со напредување во кариерата. Очекувано! Дури не се прекине синџирот на негување на правосудни функционери кои се слуги на сите господари, нема што да зборуваме за реформи во правосудството! Правдата треба да се врати во рацете на праведните!“, напиша Димоски.

Вилма Русковска веќе демантираше дека имала таква комуникација со Бојан Јовановски.

Види повеќе:

Боки 13: Заев го почна рекетот во Македонија со објавувањето на бомбите

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.