Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Објавил: Мате Парлоф | 21 јуни, 2023 7:20

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но не како замена за зачленувањето, туку со цел подобрување на нивните перформанси и капацитети, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја иницијативата што вчера ја промовираше поранешниот претседател Бранко Црвенковски да им се овозможи на државите од Западен Балкан  пристап до заедничкиот европски пазар и до европските фондови.

Премиерот потенцира дека нашите соседи членки на ЕУ од европските фондови добиваат 11 пати поголема помош по глава на жител, од земјите кандидати за членство.

– На секој состанок со ЕУ истакнуваме дека тоа треба да се промени, бидејќи на таков начин ќе се намалува и јазот меѓу државите кандидати и државите коишто се членки на ЕУ, додаде Ковачевски. Во однос пак на вчерашната изјава на Црвенковски дека му се чинат „прилично нелогични и без реална поткрепа изјавите дека ако сега ги почнеме преговорите за 4, 5 или 7 години ќе станеме полноправна членка на Унијата или дека војната во Украина создава нов моментум кој ќе го забрза процесот на проширување“, Ковачевски со оценка дека ставовите зависат од тоа од која перспектива се гледа на работите. – Имаше песимисти дека ние никогаш нема да станеме членка на НАТО, меѓутоа станавме членка на НАТО. Имаше луѓе кои беа песимисти дека никогаш нема да добиеме Преговарачка рамка – па добивме Преговарачка рамка. Имаше луѓе кои велеа дека никогаш нема да се случи потпишувањето на Договорот со Фронтекс на чист македонски јазик, но се случи, така што важно е да се остане верен на целта што ја сакаат граѓаните, а тоа е членството во ЕУ и да се работи таа цел да се оствари, истакна премиерот. Според Ковачевски, од перспектива на времето кога Црвенковски ги извршуваше функциите на претседател и премиер на државата било практично несфатливо дека може да се дојде до договор со Грција и дека земјава ќе стане членка на НАТО, но од денешна перспектива гледаме дека можело и да се постигне договор и да се зачлениме во Алијансата.  – Исто така никој не очекуваше дека минатата година ќе добиеме Преговарачка рамка, после 17 години чекање, меѓутоа на крајот на денот ние заедно со пратениците во Собранието и  со 27 земји на ЕУ усвоивме Преговарачка рамка. Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...

Решивме, рече таа, дека сакаме да купуваме на глобалниот пазар заедно затоа што тоа ќе ни ја зацврсти и зголеми моќта

Итна буџетска поддршка од 80 милиони евра за С Македонија и грантови за инвестиции во енергетиката, најави фон дер Лајен од Скопје

Претседателката на ЕК најави и дека ќе ѝ се овозможи на Македонија да учествува во...