Решивме, рече таа, дека сакаме да купуваме на глобалниот пазар заедно затоа што тоа ќе ни ја зацврсти и зголеми моќта

Објавил: admin@magazin | 27 октомври, 2022 5:38

Итна буџетска поддршка од 80 милиони евра за С Македонија и грантови за инвестиции во енергетиката, најави фон дер Лајен од Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателката на ЕК најави и дека ќе ѝ се овозможи на Македонија да учествува во заедничката европска набавка на течен и природен гас.

Решивме, рече таа, дека сакаме да купуваме на глобалниот пазар заедно затоа што тоа ќе ни ја зацврсти и зголеми моќта!

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, вчера во Скопје најави дека до крајот на годината Брисел ќе одобри итна буџетска поддршка за Македонија како една од мерките за помош во енергетската криза.

„Мојата порака денес за граѓаните е јасна. ЕУ е покрај вас, во ова сме заедно, ќе минеме низ ова заедно, ќе ја надминеме оваа криза заедно и ќе се придвижиме кон подобра иднина. Обезбедивме пакет за енергетска поддршка за целиот Западен Балкан, тој започнува со грантови – 80 милиони како итна буџетска поддршка за Северна Македонија кои треба да ѝ помогнат да се соочи со влијанието што зголемените цени на енергијата го имаат врз вашите граѓани и бизниси. Ова ќе го завршиме до крајот на оваа година за да можете да ги добиете средствата веќе во јануари“, рече претседателката на ЕК на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Околу оваа мерка, премиерот, пак, посочи дека истите пари ќе може да се повлечат веќе во јануари 2023 и да се користат во најтешките месеци.

„Тоа значи дека тие финансиски средства во најтешките месеци – јануари, февруари и март, ќе може да бидат искористени за справување со енергетската криза односно за намени кои буџетот ќе ги предвиди за 2023 година, кој наскоро ќе биде одобрен од влада и ќе влезе во Собранието“, рече Ковачевски.

Понатаму, претседателката на ЕК најави и 500 милиони евра во грантови за целиот регион, а кои ќе се однесуваат на инвестиции во енергетските конекции со Европа, за поголема енергетска ефикасност и за обновлива енергија.

„Треба да бидеме самоодржливи со енергија, обновливата енергија што ќе биде произведена дома, ќе отвора работни места, а тоа ќе нè прави независни од руските фосилни горива. Оваа поддршка ќе биде насочена преку т.н. Економски инвестициски план, кој како што знаете веќе функционира со инвестиции во ветерници и фотоволтаици. Ми беше мило што слушнав дека и вие планирате да ја интензивирате работата на тоа поле со новите интерконекции за гас меѓу вашата држава и Србија и Косово, што исто така се планира“, рече фон дер Лајен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...