Истече рокот

Објавил: Калина Мартинска | 26 април, 2024 21:19

Во ДИК пристигнат еден приговор за постапката за гласање

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Истече рокот за поднесување приговори за постапката за гласање, до Државната Изборна комисија пристигна еден приговор за постапката на гласање во Липково, потврди за МИА Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на Државната изборна комисија.

Утре во 19 часот истекува рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.

Доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак, треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Возачот на Командант Вентили фатен како ги полни гласачките кутии

Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии, обвини денеска Орхан Муртезани од „Вреди“, кој во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково.

„Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот воз“ во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии, рече Муртезани на денот на изборите.

Дураку, кој е носител на листа за ДУИ во ИЕ1, иако е поранешен министер и долгогодишен функционер на албанската партија, македонската јавност го памети како човекот кој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го доби прекарот Командант Вентили.

Види и ова:

ДИК ги потврди резултати, тече рокот за приговори од кандидатите

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.