И хуманитарни концерти

Објавил: Калина Мартинска | 23 април, 2024 22:01

Велигденски базари во пресрет на големиот христијански празник

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во пресрет на претстојните велигденски празници, општините почнаа да ги најавуваат велигденските базари, кои ќе се организираат по тој повод.

Општина Велес организира велигденски базар во Младинскиот парк, на кој велешките ракотворци ќе можат да ги изложат и да ги продаваат своите рачни изработки. Базарот се одржува од 22 до 30 април, а на 26 април, на велешките ракотворци ќе им се придружат и училиштата и градинките со своите креативни рачно изработени производи.

Општина Охрид, во соработка со ЈП „Градски пазар“, ќе го организира традиционалниот велигденски базар на 30.4.2024 година (вторник), на плоштадот „Крушевска република“.

Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата е предвидена и културно-уметничка програма на која ќе настапат културно- уметничките друштва: „Ѓердан од бисери“, „Ѓердан“, „Отекс“, „Фаланга“ и „Филиграни“. На базарот ќе учествуваат сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.

Од Општина Охрид информираат дека велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажбата на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, Општинската организација на Црвениот крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации, каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.