Избори во Црна Гора

Објавил: Едмонд Бекири | 11 јуни, 2023 9:38

Вонредни парламентарни избори во Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Црна Гора утрово беа отворени гласачките места, каде околу 550.000 гласачи ќе изберат нова влада на вонредните парламентарни избори, кои би можеле да покажат дали земјата ќе ги надмине длабоките политички поделби и несогласувања што ја забавија на патот кон членство во ЕУ.

Изборите се одржуваат затоа што претходната владејачка коалиција не можеше да се договори за мандатот на новата влада, откако на актуелната влада на премиерот Дритан Абазовиќ и беше изгласана недоверба во август 2022 година, пишува „Н1“.

На изборите учествуваат 15 партии и коалиции, а според предизборните анкети, најверојатно центарот на новата влада ќе биде Движењето Европа Сега, со проценки за поддршка од 30 проценти. Нејзини лидери се поранешни министри во владата на поранешниот премиер Здравко Кривокапиќ, Милојко Спајиќ и Јаков Милатовиќ, која беше формирана под силно влијание на СПЦ.

Спајиќ и Милатовиќ ја добија поддршката од граѓаните откако успеаја да ја зголемат минималната плата во Црна Гора од 220 на 450 евра на почетокот на 2022 година, во пресрет на падот на владата на Кривокапиќ.

Јаков Милатовиќ тогаш беше избран за претседател на Црна Гора на почетокот на април, победувајќи го претходниот претседател Мило Ѓукановиќ во вториот круг од претседателските избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.