Министерот Адеми во четири очи поделил 7 милиони евра на компании кои во основа се најголемите донатори на ДУИ

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 8:05

Адеми за 3 дена склучил 27 тендери во 4 очи вредни 7 милиони евра со фирми на ДУИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Финансискиот скандал со тетовската печатница „Арбериа Десигн“ и со фирмата Арс Ламина од Скопје отвора големи сомнежи во јавноста, откако министерството за образование во четири очи склучило два договори тешки близу 5,3 милиони евра.

За скандалот да биде уште поголем, покрај овие два, министерството склучило договори и со уште 25 нови фирми, суми вредни стотици илјади евра.

На двата, но и на останатите 25 договори – потпишан е министерот за образование Арбер Адеми. Во делот на известувањето на бирото за јавни набавки стои дека сите 27 договори биле склучени од 14 до 16 август оваа година, за час поскоро да стапат на сила.

Од министерството за образование тврдат дека тие само ги продолжиле веќе склучените договори.

Во договорите со фирмите, потпишани од министерот во член 3 пишува дека целата постапка е спроведена без претходно објавување оглас за откуп на учебници, односно во четири очи.

Министерството согласно потпишаните договори со овие фирми се обврзува дека половина од сумата ќе им биде исплатена до 30 декември годинава, а останатиот износ со ДДВ ќе биде исплатено до 30 мај 2019 година.

Кој е Адеми- Тој е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. Од 2016 до 2017 бил заменик-претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања. Бил член на повеќе работни групи за изготвување повеќе закони. Во неговото CV нема сертификат за водење на човечки ресурси или менаџмент, кој бил тогаш критериумот тој да биде Министер без никакво искуство?

Инаку првите две фирми и се познати на македонската јавност. Според пишувањето на порталот призма фирмата Арбериа дизајн се јавува како најголем донатор на ДУИ за 2015 со 20.000 евра, извештај доставен до Државниот завод за ревизија. Арбериа дизајн е формирана од 95-та, а како управител се јавува Хасим Хамзаи непознат во јавноста.

Првиот договор бил потпишан кога со МОН раководеше Абдулаќим Адеми, вториот и најголем е од времето на Пиштар Љутфиу, а фирмата била избрана за истата набавка и лани со Рената Десковска на чело на Министерството. Убедливо најголем корисник на услугите на фирмите било Министерството за образование, под раководство на министрите Адеми и Љутфиу.

Но, од архивата на јавните набавки може да се види дека најголем број склучени договори се со институции раководени од ДУИ. Меѓу нејзините најредовни муштерии биле ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Општина Тетово и Гостивар, Фондот за пензиско осигурување, Секретаријатот за европски прашања, и за спроведување на рамковниот договор, Министерството за правда, „Македонска пошта“, како и Државниот универзитет во Тетово, на чие чело е ректорот Вулнет Амети, поранешен пратеник од ДУИ.

Инаку, ова не е прв скандал што го дрма министерството за образование. Веќе подолг период министерството плете многу скандали, односно договори кои се прават во четири очи. Станува збор за милионски суми кои се плаќаат со граѓански пари и затоа Министерството должи одговор зошто толку често во нивното работење се појавуваат вакви договори.

Колку за потсетување, со доаѓањето на власт на СДСМ, експресно се укина контролното тело за јавни набавки. Тоа значи дека државните институции губат контрола ако се знае дека годишно се распишуваат стотици милиони евра народни пари за функционирањето на институциите во државата. На овој начин се отвораат нови можности околу злоупотреби на целиот процес и се отвора можност за корупција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.