По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име.

Објавил: Македонка Димкин | 14 декември, 2019 21:29

Азилантот Груевски не издржа повторно со статус на фејсбук, овој пат удри по Десковска!

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Никола Груевски поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република Македониија, од неодамна е азилант во Угарија каде очигледно не му оди лошо. Тој редовно се јавува на фејсбук во случај кога е лично прозван и се обидува да појасни дека тој не е за ништо виновен,. Сепак иако е јавна тајна Груевски никогаш не се одважи да каже дали тоа неговиот братучед рекетирал додека беше прв човек на тајната полиција?

По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една.
Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува.
Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини.

Пред две години српскиот политичар Јеремиќ изјави дека сум приватизирал фабрика за оружје во Србија. ОЈО веднаш побрза да објави дека за ова започнуваат истрага. Во овој контекст го повикувам Јовевски по две години откако под негово водство ОЈО објави дека ќе вршеле истрага, да ги објави резултатите од таа истрага. Самата објава дека ќе има истрага за нешто кај многумина создава сомнеж дека нешто се случило. Затоа, коректно е да се објават и резултатите од таа истрага.

Кариерата на Груевски во политиката започна во првата влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љубчо Георгиевски, во 1998. како министер за трговија, а продолжи како министер за финансии. Но искачувањето до врвот на македонската политика, Груевски го започна во 2004., по неуспешниот референдум против територијалната поделба, откако претходно успешно го одбрани партискиот престол во хотелот Панорама.

И уште нешто околу интервјуто на Десковска која изнесе неточни информации околу дејствија поврзани со Законот за јазиците и случајот ТНТ, на наводен неетички обид на мој адвокат.
Јас немам од мене ангажиран адвокат во Македонија за случаите на СЈО повеќе од една година. Тие адвокати кои порано сум ги ангажирал, имале, имаат и ќе имаат илјадници други клиенти чии интереси ги бранеле, ги бранат и ќе ги бранат.
Не личи на министер за правда кој претендира да биде сфатен сериозно да ја манипулира јавноста со фрази од типот “адвокатот на Груевски” направил ова или она, кога добро знае дека над една година немам ангажирано адвокат, а дека тие кои некогаш сум ги ангажирал денес бранат права и застапуваат многу други клиенти.

Десковска може што сака да мисли и зборува за мене, но не личи да манипулира со јавноста создавајќи лажна слика и перцепција дека јас сум ангажирал адвокат сега да поведе некоја постапка во некаква моја корист.
Ако пак има доказ за такво нешто, ја повикувам да го објави.

Тогаш младиот премиер во првите години уживаше голема поддршка од меѓународната заедница и особено од сестринските партии во Европа. Веќе во октомври 2006. беше пречекан во Берлин од канцеларката Ангела Меркел со воени почести. Западните политичари во него гледаа надеж за земјата и за регионот и пресврт од дотогашната националистичка политика. Преродбата на Груевски продолжи на изборите во 2008 година кои ги доби со огромно мнозинство благодарение пред сѐ на националистичката кампања која во прв план го имаше фијаското на Самитот на НАТО во Букурешт и паролата „името не го даваме“. Оттогаш започна и непреченото владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Всушност, тоа е исто како денес некој за нејзиниот сопруг да каже: “правниот соработник на Груевски (владата на Груевски) по прашањето поврзано со процесот кој Македонија го водеше против Грција во Хаг, денес направи … “ …тоа и тоа… Креирајќи перцепција дека ако некогаш нејзиниот сопруг, на професионална база, соработувал со владата која ја предводев и со мене лично како Премиер по одредени прашања за кои имал експертиза, ги застапувал интересите на државата и во тоа време си го завршил својот професионален дел во правец на одбрана на името и националниот идентитет, за што му бил платен хонорар, дека тој сега за сите негови чекори понатаму треба да се поверзува со мене.

Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен. Не е доволно само сериозно да изгледа. Народот ги цени зборовите и делата, фактите, искреноста, лагите и вистината а не само дали звучеле сериозно кажано кога се кажале.
А за барањето на извесен адвокат по националност Албанец, судот да му преведе се’ на Албански јазик, ја упатувам на самата себе како висок функционер на СДСМ и министер за правда. Тие на неуставен начин донесоа таков закон, а не јас. Кога предупредував во парламентот, кога реагирав на неуставното работење на парламентот и неуставниот закон за јазиците, каде беше тогаш Рената Десковска? Молчеше! Функцијата и привилегиите и беа помили од интегритетот.
Нека се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...