Иако најавени, денешните протести за заштина на водно, во организација на активистите на "Го сакам Водно" започнаа со насилство од изведувачот и полицијата

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 13:18

Активистите во судир со градежниците на Водно

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еден од одговорните на проектот за раскопување на Водно со цел поставување на гасовод му наредил на багеристот кој го вршел копањето да помине низ луѓето кои со жив ѕид протестираат на местото.

По ова на местото каде се врши ископот настанал вербален конфликт помеѓу активистите и одговорните за проектот проследен со пцовки и навреди, сведочат дел од активистите присутни на Водно.

Иако го најавија својот протест активистите на “Го сакам Водно” се соочија со гневот на власта.

„Одговорниот на проектот му нареди на багеристот да нѐ помине, да нѐ прегази бидејќи застанавме на трасата. Тој почна со пцовки и навреди кон нас дека сме партиски определени, иди преку нив, му кажа на багеристот“, вели Кирил Мицковски активист од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ кој моментално се наоѓа на лице место.Градежниците заедно со градежната механизација се појавиле без никаква легитимација, документација или дозвола за работа.

„Откако видоа дека сме решени да не се мрднеме, почнаа да копаат во друга насока, која не е планирана досега, ова е нешто ново, багерот тргна во насока која не е предвидена со планот на ископ“, изјави Мицковски.

Во моментов багерот со кој се врши копањето не е во функција, но работниците и понатаму работат, копаат и пренесуваат песок и земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.