Колку верските заедници во Македонија вложуваат во вакви проекти

Објавил: Узунов Бобан | 6 февруари, 2019 8:40

Албанската православна црква ја изгради најмодерната болница во регионот

Фото/Текст извор: ©религија.мк/магазин

Албанската православна црква веќе 20 години управува со еден од најмодерните медицински центри во Албанија, во кој од 1999 година досега поминале повеќе од 1,5 милиони пациенти, без разлика на нивната вероисповест. 

Една од првите работи кои Албанскиот архиепископ Анастасиј, сакал да ја направи откако во 1992 година е назначен на тронот на Албанската црква е токму создавање на медицински центар за грижа на албанските граѓани, христијани и нехристијани, пишува отец Илија Макос во статија објавена во грчките медиуми. 

Во октомври 2016 година Албанскиот Архиепископ Анастасиј се сретна со митрополитот Јосиф. Инаку албанската православна црква е под големо влијание на Грчката православна црква

Две години подоцна Архиепископот Анастасиј ја основа првата православна клиника во Тирана која го носи името на Светиот Евангелист Лука. Во 1999 година прераснува во најмодерниот православен дијагностички центар и од тогаш повеќе од 1,5 милиони луѓе, или месечно по околу 6000 поминале низ него.

Во 2000 година еден американски хирург го создава и првото хируршко одделение во овој медицински центар.

Во меѓувреме Албанската црква создава и во други градови помали вакви медицински центри од повеќе области на медицината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести