четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



На вчерашната средба лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Техничката Влада ќе биде формирана на 3 јануари наредната година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 10:36

Али Ахмети постави услов: Прво ќе има избори на 12 април, па попис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите политички партии се согласија со тоа дека единстената наша алтернатива е ЕУ и да не биде загрозен нашиот евроатлантски пат. Заеднички интерес е најпрво да се ратификува протоколот за наше членство во НАТО од сите земји членки и од нашето Собраните и да се усвои законот за одбрана, изјави по лидерската средба Али Ахмети, лидерот на ДУИ.

Спасовски, Николовски и Анѓушев, според информациите, се луѓето од најголема доверба на Заев и изборот да ја контролираат техничката влада паднал на нив, додека крилото на вицепремиерката и министерската за одбрана Радмила Шекеринска би си ги задржало своите позиции, но не би биле клучните играчи за избори.

„Заеднички е одлучено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април наредната година. Битно е изборите да бидат фер и демократски. Значајно е да се почитува датумот за изборите и потоа да се види кога ќе биде можно да се спроведе и попис”, изјави Ахмети.

На вчерашната средба лидерите одлучија, предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Техничката Влада ќе биде формирана на 3 јануари наредната година.

На лидерската средба било одлучено дека премиерот Заев за своја замена, односно за технички премиер во техничката Влада го предложил Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Со ова падна теоријата во вода дека технички премиер ќе биде Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која беше фаворит на скопското крило на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.