Сепак, овој пат можноста ќе биде модифицирана. Тие што финансиски можат да издржат да ги враќаат ратите, потешко ќе можат да добијат одложување. Останатите граѓани кои се повеќе финансиски погодени од кризата, ќе може да побааат одложување, па секоја банка ќе решава поединечно за секој случај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 22:30

АЛСАТ дознава: Плаќањето на кредитите се одложува и после 1 октомври!

Фото/Текст извор: ©alsat.mk

И после 1 октомври ќе може да се одлагаат ратите за кредитите, дознава Алсат од банкарски извори.

Сепак, овој пат можноста ќе биде модифицирана. Тие што финансиски можат да издржат да ги враќаат ратите, потешко ќе можат да добијат одложување. Останатите граѓани кои се повеќе финансиски погодени од кризата, ќе може да побааат одложување, па секоја банка ќе решава поединечно за секој случај.

Се разгледуваат модалитетите дали граѓаните сами треба да побараат одложување на ратите или тоа ќе го прават самите банките врз основа на приливите на средства на корисниците на кредити. Деталите се очекуваат за деновиве откако банакарскиот сектор ќе ги допрецизира со Народната банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.