– Амбасадорката Брнс оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Објавил: Весна Петровска | 9 јули, 2019 19:43

Американската амбасадорка Брнс пристигна во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Кејт Брнс, денеска пристигна во земјава и го имаше нејзиниот прв работен ден во канцеларијата, објави американската Амбасада на официјалниот фејсбук профил.

– Амбасадорката Брнс оваа недела ќе му ги претстави своите препораки на претседателот Пендаровски, стои во објавата.

Брнс на нејзиниот прв ден во канцеларијата пристигнала со нејзиниот сопруг Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Воената морнарица на САД.

Амбасадорката Брнс е дипломат од кариера. Таа на позицијава доаѓа од Атина каде од септември 2017 до мај 2019 година беше заменик шеф на мисијата на САД во Грција. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

Кејт Брнс пред два дена со видео порака порача дека е почестена што ќе ги преставува САД и оти ќе работи на зацврстување на врските меѓу двете земји и интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ

– Веќе 25 години работам како американски дипломат на промоција на безбедноста, напредокот, почитта на човековите права и различности, владеењето на правото и отворените пазари. Возбудена сум да ја продолжам оваа работа во Северна Македонија. САД се горди на силното пријателство со луѓето од Северна Македонија. Ја цениме храброста и професионализмот на вашите војници и очекуваме да ве поздравиме како 30 членка на НАТО. Почестена сум што ја имам можноста да ја зацврстам врската помеѓу нашите две земји. Северна Македонија сега е на својот одбран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот во Амбасадата на САД во Скопје и јас ќе работиме за да и помогнеме на Северна Македонија на овој пат и да создаваме нови можности за напредок преку нашата соработка и програми за размена, мировниот корпус и мисијата на УСАИД. Сакаме да продолжиме со придонес кон вашата позитивна иднина, наведува Брнс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.