Американските научници сега повторно ја испитуваат можноста пандемијата да настанала како резултат на несреќни околности во кинеска лабораторија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 мај, 2020 11:46

Американски разузнавачи: Корона вирусот не создаден во лабораторија

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Вчера група на американски разузнавачи кои работеле на испитување на новиот коронавирус соопштија дека иако многумина тврдат, сепак тој не се појавил во Кина, и дека не бил фабрикуван или генетски модифициран.

Администрацијата на Трамп пред два дена извести дека тој ќе бара од Пекинг  „да плати цена“ поради несериозниот пристап кон коронавирусот.

Американските научници сега повторно ја испитуваат можноста пандемијата да настанала како резултат на несреќни околности во кинеска лабораторија.

Канцеларијата на директорот за Национално разузнавање, од каде се координира мрежата од сите американски шпионски агенции, потврди дека вирусот, кој ја предизвика пандемијата во целиот свет, не е создаден по вештачки пат.

Целата разузнавачка заедница постојано помага на властите на САД и на тие кои водат битка со вирусот Ковид-19 кој се појави во Кина. Разузнавачката заедница исто така се сложува со широко распространетото стојалиште во научните кругови дека вирусот Ковид-19 не бил создаден од човекот и не е генетски модифициран  се вели во соопштението на директорот на Национално разузнавање.

Ова соопштение на научниците дојде откако претседателот на САД, Доналд Трамп ја обвини Кина дека не сериозно пристапила кон вирусот. Трамп и неговите поддржувачи посочија дека вирусот можеби е излезен од лабораторија за истражувања на заразни заболувања во Вухан, епицентарот од каде што се појави вирусот.

Администрацијата на Трамп пред два дена извести дека тој ќе бара од Пекинг  „да плати цена“ поради тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.